Предната камера на Opel ја освои наградата „Car Connectivity Award 2019“

Иновативната предна камера на Opel ја освои наградата „Car Connectivity Award 2019“. Системот, кој се нуди во предводникот на Opel, моделот Insignia и најпродаваниот компактен модел Astra, беше као победник во категоријата „ѕвезда според цената“ од читателите на авторитативното германско списание за автомобили, auto motor und sport и подкастoт Moove. Предната камера на германскиот автомобилски бренд веќе освои многу награди во претходните генерации и е стандардна опрема за неколку варијанти на модели. Тоа е клучна компонента на бројните системи за помош на возачот, како што се предупредување за преден судир и возење во сопствената.

„Opel отсекогаш ја правеше достапна иновативната технологија на широка база на клиенти“, изјави  Харалд Хампрехт, заменик претседателот за комуникации, на доделувањето на наградите во Штутгарт. „Популарната предна камера е добар пример. Ние сакаме да им понудиме на нашите клиенти автомобили што се напредни, како и безбедни и удобни. Читателите го сакаат истото, па затоа сме особено задоволни што ја освоивме оваа награда “.

Оваа година беше шести пат читателите на auto motor und sport и Moove да ги избираат победниците на „Car Connectivity Award“. Тие можеле да избираат од автомобили и технологии во 11 категории, од „телефонска интеграција“ и „ѕвезди според цените“ до „поврзани е-автомобили“. Повеќе од 12.000 читатели и корисници учествуваа во изборот годинава.