Samsung Galaxy Fold конечно стана достапен, а Zack од популарниот YouTube канал JerryRigEverything го подлегна флексибилниот уред на својот познат и необичен тест на издржливост.

Надворешниот дисплеј од 4,6 инчи подлегнува на гребнатини од шесто ниво на Мосовата скала, кога ќе се соочи со објекти кои можат да го изгребат екранот. Главниот полимер екран од 7,3 инчи не е толку отпорен, па веќе на второто ниво почнува да се гледа оштетување. Панелот дури може и да се оштети со нокти.

Малку песок, кој е ставен на екранот, успева да стигне до лајсната, што укажува на тоа дека редизајнираниот Fold, сепак, е подобро да се држи заштитен од прав / нечистотии. Интересно е дека пластичниот екран преживува палење дури и по неколку обиди.

На крајот, веројатно и најбитниот тест на свиткување покажува дека свиткувањето во спротивен правец не го оштетува екранот. Единствено видливо оштетување се помалите пукнатини околу линиите каде што е сместена пластичната антена.