Од Instragram соопштија дека ќе ги ограничат рекламите за слабеење и естетски операции за да се заштитат тинејџерите од овие содржини.

Повеќето објави ќе бидат скриени за корисниците помали од 15 години, а одредени објави за „чудотворни“ производи за слабеење дури и ќе бидат отстранети.

Нереалните објави за “брзо слабеење“ ќе бидат отстранети или младите корисници нема да можат да ги видат, доколку целта им е купување. Промената ќе се однесува и на Facebook, кој е во сопственост на Instagram.

„Сакаме Instagram да биде позитивно место за сите корисници и оваа одлука е дел од нашите напори да го намалиме притисокот кој луѓето некогаш можат да го почувствуваат на социјалните мрежи“, рекла Ема Колинс, менаџерка на јавната политика на оваа социјална мрежа.

Овие мерки следуваат после зголемувањето на загриженоста поради влијанието кое промовирањето на диеталните производи може да го има младата популација.

На почетокот на годината, Националната здравствена служба на Велика Британија повикала на отстранување на рекламите за производи за слабеење на социјалните мрежи, бидејќи тие може да имаат штетни последици на физичкото и менталното здравје на младите луѓе.