Компанијата Vivo најави нов смартфон наменет за средната до висока класа, а тоа е Vivo V17 Pro.

V17 Pro ќе служи како флегшип модел на Vivo на многу пазари, а целта е да се привлечат луѓето кои се уште не се подготвени да се откажат од копчињата.

Новиот смартфон го има Qualcomm процесорот Snapdragon 675, баш како и V15 Pro кој е претставен претходно оваа година, но се останато е целосно ново. Vivo V17 Pro има 8 GB RAM, батерија од 4.100 mAh, поради што е нешто подебел (9,8 mm).

За дебелината веројатно придонесуваат и двете pop-up селфи камери, главна од 32 и ултраширока од 8 MP. Двете се сместени во модул кој се подига зад екранот. Моторозираниот модул содржи и звучник за уво и LED ламбичка за осветлување.

V17 Pro доби 6,44-инчен OLED екран со 1080p резолуција во формат 20:9. На задната страна има четири камери, главна од 48 MP, 2x телефото камера од 13 MP, ултраширока камера од 8 MP и 2 MP сензор за длабочина.

Смартфонот поседува и влез за слушалки и USB-C порт. Цената изнесува 422 долари.