Facebook објави нов хардвер и уште еден член на Portal семејството. Во прашање е Portal TV, додаток за вашиот телевизор со помош на кој можете лесно да разговарате и да се видите со вашите драги лица. Испораките почнуваат од 5. ноември и тоа по цена од 150 долари. Portal TV е трет по ред член на Portal TV семејството, по 10-инчниот портал и 8-инчниот Portal Mini.

Се подесува со едноставно логирање на Facebook профилот, а се приклучува со помош на HDMI порт. Потоа, пријателите од Facebook и WhatsApp ви се на дланка. Факт е дека повиците ќе имаат таканаречена „end to end” енкрипција, и макар малку ќе ги смират оние кои се грижат дека нивните приватни податоци ќе завршат на погрешно место.

Овој уред користи широкоаголна камера за да зафати што поголем простор од вашата дневна соба. Исто така, Portal TV поседува необична технологија, која му овозможува да го следи корисникот додека го снима. Тоа може да се покаже многу корисно кај малите деца кои не ги држи место, и кои често имаат тенденција да излезат од кадар. Камерите и микрофонот можат да се исклучат со едноставно повлекување на пластиката на предната страна на уредот.