Јапонската компанија A.L.I. Technologies го разви Speeder – пловечки и летечки мотоцикл, сличен на џет. Иновативното превозно средство ќе дебитира на Саемот за автомобили во Токио следниот месец, според разни извори.

Телото на мотоциклот е направено од карбонски влакна за да се намали тежината. Во предниот и задниот дел се наоѓаат два мотори. Малите пропелери на страна го контролираат движењето напред и вртењето.

Speeder е во состојба да изврши вертикално полетување и да се движи на височина од неколку десетици сантиметри над земјата. Слетувањето, исто така, се врши вертикално.

Масовното производство на летачкиот мотоцикл е предвидено да започне во втората половина на 2021 година. Се очекува Speeder да ја користат спасувачите за време на елементарни непогоди, во пустини, мочуришта и на море.