Пред официјалната објава на Mate 30 серијата, Huawei објави неколку тизер видеа кои сугерираат некои од функциите кои ќе ги имаат претстојните телефони.

Првото видео укажува на копчињата за контрола отстрана, кои би можеле да бидат виртуелни копчиња осетливи на притисок, наместо стандардните хардверски копчиња.

Следното видео сугерира дека телефоните ќе имаат поддршка за гестикулација – нешто слично на она што се очекува на Pixel 4 линијата. Покрај ова, се очекува дека надградениот хардвер за препознавање на лице ќе биде способен за многу повеќе од чисто отклучување преку цртите на лицето.

На крајот, третото видео укажува на можностите на безжичното полнење. Според последните гласини, Mate 30 Pro ќе има опција за 27W безжично полнење.