Кинезите го промовираа најбрзиот воз во светот. Тоа е “Shangai maglev” кој треба да развие брзина од 600 километри на час.

Првите патници ќе се возат за две години. Во моментов овој проект се тестира помеѓу шангајскиот аеродром и градот, а брзините кои ги достигнува се околу 430 километри на час.

Иднината на железничкиот сообраќај е воз со технологија на магнетна левитација, која носи ознака ”maglev”, сметаат Кинезите. Не оди на шини, туку лебди на магнетно поле над пругата по која се движи.

Поради ова возот има многу малку отпор и благодарение на моќните електрични мотори може да развие неверојатна брзина. Возот моментално достигнува максимална брзина од 431 километар на час, а оддалеченост од 30 километри ја поминува за седум минути.

Меѓутоа, овој проект е прилично скап, чини 1,2 милијарди долари, а од почетокот работи со загуба. Но, Кинезите не се откажуваат. Првите патници ќе се возат во овој воз во 2021 година.

Сè уште не е познато на која релација ќе сообраќа хипербрзиот воз. Се разбира, Кинезите најмногу би сакале да биде линијата Шангај – Пекинг, која би се поврзала побрзо со воз отколку со авион.

Патувањето со авион, вклучително и чекањето на аеродромот, трае околу четири ипол часа, а со овој супербрз воз истото патување би траело еден час помалку. Најголемата пречка и понатаму се екстремно високите трошоци за инфраструктурата.

Извор: B92.net