Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ се согласи да плати до 127 милиони авсралиски долари на своите клиенти во Австралија, што е скоро 79 милиони евра по судска постапка, поднесена против неа поради „дизелгејт“ скандалот.

Конечната одлука допрва ќе ја донесе федералниот суд на земјата, се вели во соопштението на австралискиот огранок на концернот.

Групното барање е поврзано со манипулираните податоци за содржината на штетните материи во издувните гасови од дизел моторите. Скандалот избувна во 2015 година. Во Австралија зафати околу 100.000 возила „Фолксваген“, „Ауди“ и „Шкода“.

Доколку биде одобрено од судот, надоместокот што ќе го добие секој од сопствениците ќе биде 1.400 долари (870 долари), проценуваат официјалните лица на „Фолксваген“.