Apple Arcade стартува на 19 септември

На почетокот на својот есенски настан, Apple откри дека услугата за игри Apple Arcade ќе биде достапна од 19 септември во повеќе од 150 земји. Цената ќе биде 4,99 долари месечно, што ќе обезбеди пристап до каталог од 100 нови игри и ќе се додаваат нови наслови секој месец.

Услугата ќе вклучува ексклузивни игри од популарни развивачи чии мобилни верзии ќе бидат достапни само на Apple Arcade.

На настанот беа прикажани некои од достапните игри, како што е модерната верзија на класиката „Frogger“ со име „Frogger in Toy Town“ од Konami, и новата „Shinsekai: Into The Depths“ на Capcom.

Презентацијата заврши со играта „Sayonara Wild Hearts“ од шведското студио Simogo.