Ubisoft подготвува нови реизданија на „Assassin’s Creed“

Ubisoft, се чини, продолжува со „освежувањето“ на својот најпопуларен серијал – за братството „убијци од сенка“, па по надградената верзија на „Assassin’s Creed III“, се очекуваат слични изданија и на „Assassin’s Creed IV: Black Flag“ и „Assassin’s Creed Rogue“.

Сѐ уште нема официјална најава за тоа, но и за надградената „тројка“, слично како и сега, информациите „протекоа“ прво неофицијално на портал, па потоа и официјално беше претставена. За тоа што можеме да очекуваме од реизданијата, ќе се дознае наскоро.