Голем број на Android корисници имаат проблем со брзото празнење на батеријата, а главен виновник за ова е багот што се појави со последната надградба на апликацијата Google Play Services.

Проблемот е во самата апликација, а Google е свесен за грешката и работи на отстранување на грешката, која неприродно брзо ја троши батеријата.

Во подесувањата за батеријата, односно во сетинзите на оваа функција на телефонот, може јасно да се види јасно колку Google Play Services влијае на автономијата на батеријата.

За да го решите проблемот, можете да ја инсталирате постарата верзија на Google Play Services. Друга опција е да чекате понова верзија со исправена грешка, на која Google работи во моментов.