Сакајахуаман е цитадела на северниот крај на градот Куско во Перу, историски, главен град на Империјата Инка.

Археолозите и другите научници кои со години го истражуваат теренот, и натаму остануваат во прашалници за начинот на кој се изградени прекрасните антички перуански структури како што е Саксахуаман. Оваа неверојатна структура се состои од огромни камења, толку тешки што нашата модерна опрема тешко може да ги придвижи, а уште помалку да ги нареди со таква прецизност. Клучот за загатката сметаат дека лежи во некое многу специфично растение, кое на античките Перуанци им дало можност да го омекнуваат каменот. Тоа е само претпоставка, исто така недокажана, како и теоријата за постоење на напредна античка технологија користена при изградбата на структурата.

Според истражувачите Јан Питер Јонг, Кристофер Џордан и Исус Гамара, гранитните карпи во Куско укажуваат дека тие веројатно биле вжештувани до таа мера за да омекнат како при обработка на стакло. Тогаш надворешната површина станува мазна и рамномерна. Врз основа на ова набудување, научниците заклучуваат дека „некои високо-технолошки уреди биле користени за да се стопат камените блокови, кои потоа биле поставени и биле ладени за да зацврстат и да формираат мозаик-полигонални блокови.

Истражувачите сугерираат дека неколку антички цивилизации низ целиот свет биле запознаени со оваа технологија за топење (омекнување) на камен.