Еден од најскриените сервиси за размена на пораки е оној што е вграден во YouTube. Услугата најпрвин приватно е тестиран како “shared videos” во мај, 2016. година, но беше потребно повеќе од една година да им стане достапен на сите.

Сервисот потоа е преименуван во Messages и споен е со известувањата во YouTube Activity табот, но остана ексклузива за мобилните уреди до 2018. година, кога конечно почна да се покажува и на веб. Сега функцијата и официјално е процес на гаснење, а конечно ќе биде укината на 18. септември.

YouTube ова го објави вчера, истакнувајќи дека одлучил да се фокусира на своите јавни разговори (коментари, објави, stories/приказни) наместо на приватните пораки.