Оваа година, Redmi објави три телефони од Note 7 серијата, вклучувајќи ги моделите Redmi Note 7, Note 7 Pro и Note 7S. Според компанијата, трите телефони заедно успеале да испорачаат повеќе од 20 милиони примероци на глобален план.

Интересно е што минатиот месец Redmi објави дека се испорачани 15 милиони уреди од Note 7 серијата. Ова значи дека во текот на изминатиот месец Redmi успеа да продаде уште пет милиони Note 7 телефони.

За да го прослави ова достигнување, Redmi посочи дека компанијата би можела утре да ја претстави новата Redmi Note 8 или би можела да го открие датумот на официјалното објавување на новата линија на телефони. Уредот неодамна е сертифициран од страна на агенцијата FCC.

Засега нема многу детали за Redmi Note 8 телефонот, но се верува дека во прашање е првиот Redmi паметен телефон кој ќе има 64MP Samsung ISOCELL GW1 сензор за камера.

Извор: Benchmark.rs