Елон Маск исто така предупредил за оваа опасност. За 10 години покрај Земјата ќе помине „Богот на хаосот“, еден од најголемите астероиди, а неговиот потенцијален удар може да има последици по животот на Земјата.

Астероидот „99942 Apofis“ ќе биде широк 340 метри и ќе помине на оддалеченост од само 30.000 километри од Земјата што е помала оддалеченост во однос на некои комуникациски и метеоролошки сателити.

Брзината со која ќе помине покрај нашата планета ќе биде 40.000 километри на час и поради тоа ќе биде видлив од Земјата.

Научниците се свесни дека неговото патување додека да дојде до нашата галаксија, би можело да се промени, но и на фактот дека моментално немаме никаква одбрана од него, предупредил Елон Маск.

Шефот на компанијата „Спејс Икс“ и „Тесла“ на својот Твитер профил објавил мислење за астероидот кој е наречен „Богот на хаосот“. Тој напишал дека не е загрижен околу тој конкретен астероид, но дека е свесен дека еднаш “големиот камен“ ќе удри во Земјата, а ние немаме никаква одбрана во тој случај.

За опасностите кои ни се закануваат од вселената, како и за нашата невозможност за одбрана, пред неколку години зборувал и Џозеф Нут, научник од НАСА. Тој рекол дека голем објект од вселената како што е астероид удрил пред 66 милиони години во Земјата и ги уништил диносаурусите и дека таков астероид можно е повторно да удри во нашата планета.

Научниците предложиле НАСА да направи некое летало за пресретнување на вселенските објекти доколку дојде до таква опасност за да се намали потребното време за организација на мисијата за спасување на нашата планета и животот на Земјата кога еднаш ќе се открие таков астероид.

Извор: B92.net