Дали некогаш сте се запрашале како нашата планета би му изгледала на вонземски астроном од некоја далечна галаксија?

Американски научници работеа на случајот и добија одговор како изгледа Земјата гледана од вселенската длабочина.

Барањето на егзопланети низ вселенските длабочини трае со години, па сигурно сте помислиле и на можноста токму нас некој да нѐ гледа од далечините. Нашата планета е токму онаква каква што нашите астрономи пробуваат да најдат.

За да се добие сликата од нашата планета која би ја виделе вонземјаните, тим научници од универзитетот Корнел искористија 10 илјади слики собрани од DSCOVR сателитот на НАСА кој ја сликаше Земјата од огромна далечина.

Земјата гледана преку телескоп од некоја далечна галаксија би изгледала вака: