Додека чекаме Nokia 7.2 и 6.2 телефоните да бидат официјално претставени, имаме прилика да ги видиме најновите рендери од куќиштето за моделот Nokia 7.2, кои се појавија онлајн.

Фотографиите прикажуваат прилично складен и тенок дизајн, како и кружен модул за камерите на задната страна. Се на рендерите делува во согласност со она што досега сме го слушнале за телефонот. Исто тала, се очекува дека Nokia 6.2 ќе има сличен изглед како и посилниот модел.

Се очекува дека Nokia 7.2 ќе пристигне со Snapdragon 710 чипсет, 6 GB RAМ, а доколку се точни претходните гласини, би требало да се појави до крајот на месецот.