Huawei Nova 5T телефонот се појави во Google Enterprise директориумот. Не се работи за чист ребрендиран модел на Honor 20, туку во прашање е помал смартфон со повеќе меморија.

Откриен е екран со големина од 5,5-инчи, што уредот го прави значајно покомпактен од Honor 20 моделот кој има 6,26-инчен дисплеј. Задржана е предната камера во punch-hole отвор, како и сензор на отпечаток од прст од страна на рамката.

Кога е во прашање меморијата (RAM и простор за складирање), Huawei Nova 5T би требало да има 8GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање.

Ова се информациите кои ги откри Google Enterprise директориумот, а нема информации за системот на камери на задната страна.