Како да избегнeте топлотен удар во автомобилот?

Најавените тропски температури се исполнија. И ќе потрајат. Тоа значи и огромно прегревање на автомобилот, што може да влијае на вашата безбедност.

Топлинскиот удар воопшто не е мит, па главниот совет е да избегнете влегување во прегреан автомобил веднаш по отворање на вратата, особено ако немате клима уред.

Автомобилите брзо се загреваат при голема топлина дури и кога се паркирани во сенка, а за само десет минути внатрешната температура може да се искачи за цели 20 степени.

Иако можеби звучи малку лудо, спуштете го прозорецот на страната на совозачот и со брзи движења затворајте и отворајте ја возачката врата неколку пати.

Ако имате кожни седишта за да го направите вашето возење поудобно, покријте ги со некој памучен материјал, а заштитете го и воланот.

Ако не го покривате управувачот, барем свртете го во страна кога паркирате. Така, кога ќе појдете и вратите во почетна позиција, делот каде што ви се рацете ќе биде поладен.

Ниту малку спуштен прозорец не помага автомобилот да не се прегрее, затоа никогаш не оставајте деца и миленичиња во возилото, дури и на неколку минути. При голема топлина, температурите на автомобилите може да достигнат до 50 степени за само неколку минути, а децата се особено чувствителни бидејќи нивната телесна температура се зголемува 3-5 пати побрзо од истата на возрасните, заради неразвиената терморегулација на телото.

Бидете внимателни кога оставате намирници во автомобилот. Одвојте неколку минути и однесете ги дома во фрижидер пред да застанете на пијалок, бидејќи високите температури се погодни за развиток на бактерии. Особено чувствителни се меленото месо, млечните производи и зготвената храна, а вие не сакате непријатни мириси во вашето возило.

Ако мора да ги оставите намирниците во вашиот автомобил, не заборавајте да паркирате во сенка и да ги оставите на задната клупа, а не во багажникот.

Извор: Додај Гас