FIFA 20 ќе им овозможи на играчите да одберат жена-тренер (ВИДЕО)

Новата фудбалска симулација FIFA 20 ќе им понуди на играчите можност да одберат жена-тренер во Career мод, што е новитет во историјата на популарната игра.

Играчите ќе можат да изберат машки или женски тренер, а оваа новост е дел од големата најава дека FIFA 20 ќе воведе подетален систем на уредување на аватарите за менаџерите.

Ова не е првпат жените да се појавуваат во FIFA бидејќи FIFA 16 им овозможуваше на играчите да одберат одреден број на женски фудбалски репрезентации помеѓу кои се и Американките, инаку првенки во светот. Меѓутоа, во Career модот во кој играчите водат тим досега можеа да се избираат само мажи, односно машки тренери, а новиот систем го менува тоа, вклучувајќи и карактеристики како боја на кожата, фризура, облека, додатоци и слично.

FIFA 20 ќе биде достапна за “Nintendo Switch”, “PlayStation”, “Xbox One” и “Windows” од 27. септември.

Извор: Klix.ba