YouTube оствари приход од 138 милиони долари во вториот квартал

YouTube е популарна услуга која ви овозможува брзо и лесно пронаоѓање на атрактивни видео содржини на Интернет. Импресивниот сообраќај генериран од платформата постепено стана извор на сериозни приходи за многу корисници. Одржувањето на канал со привлечни видеа што го гледаат многу луѓе им овозможува на голем број на луѓе да заработат импресивни суми, заради нивната популарност на YouTube.

Експертскиот извештај од Sensor Tower открива дека видео платформата остварила приход од 138 милиони долари во вториот квартал од годината. Овие бројки се зголемени за над 100% во однос на резултатите за истиот период во 2018 година, пренесува AndroidHeadlines. Земјата со најголем придонес во приходите од YouTube се САД, што и не претставува некое големо изненадување. Јапонија и Велика Британија, пак, се другите преостанати земји во топ три листата.