Microsoft Teams со верзија за Linux

Microsoft Teams, сервисот за деловна соработка, е достапен за сите големи платформи, вклучувајќи ги Windows, macOS, iOS и Android. Доколку сте на друга платформа, постои веб-апликација која исто така може да се користи. Меѓутоа, се чини дека самостојна апликација за Linux исто така би можела  да биде во подготовка.

Twitter корисникот Хајден, забележа тема на страницата Microsoft Teams UserVoice, каде Teams инженерот потврди дека Microsoft сака Teams да биде достапен насекаде и дека компанијата разбира дека некои нејзини клиенти користат Linux. Исто така беше посочено дека наскоро се очекуваат повеќе информации.

Slack, кој е голем конкурент на Microsoft Teams, веќе има своја апликација за Linux. Затоа, би било разумно Microsoft да создаде сопствена апликација за Linux, а со тоа да предизвика корисниците да мигрираат од Slack кон нивната услуга.