Google Pixel 4 пристига со 90Hz OLED екран

Google би можел да се ослони на многу повеќе функции од гестикулации и отклучување без допир , а на тој начин да привлече многу повеќе купувачи.

Извори од веб-страната 9to5Google тврдат дека Pixel 4 и Pixel 4 XL ќе имаат побрзи OLED дисплеи со 90Hz, а кои ќе се нарекуваат Smooth Display.

На корисниците ќе им биде достапен побрз екран кој би бил идеален за гејминг или преглед на видеа со висок фрејмрејт. Pixel 4 ќе има OLED екран од 5,7 инчи и фул HD резолуција, додека пак Pixel 4 XL ќе има OLED екран од 6,3 инчи и QuadHD+ резолуција.

Линијата Pixel 4 би можела да имплементира и некои трикови за камерта. Телефоните ќе имаат две задни камери (12 мегапикелна стандард камера + 16 мегапикселна телефото). Според изворите, можен е DSLR додаток за телефоните.

Засега не е познато дали тоа ќе бидат додатоци во вид на објектив или нешто пософистицирано.

Двата телефони ќе имаат стерео звучници и Google Assistant функции кои на почетокот ќе бидат ексклузивни за оваа линија.

Останатите спецификации вклучуваат Snapdragon 855 чипсет, 6 гигабајти рам, минимум 64 гигабајти меморија за складирање.