Тинејџер стана светски првак во Fortnite и освои три милиони долари

Американскиот тинејџер Кајли Гирсдорф, попознат како „Буга“ освои рекордни три милиони долари победувајќи на светското првенство во видео играта “Fortnite”, одржано овој викенд во САД.

Тоа е најголемата награда во историјата на електронскиот спорт, а дури 30 милиони евра беа поделени помеѓу најдобрите. 16-годишниот Кајли Гирсдорф од Пенсилванија победи во соло натпреварувањето на турнирот одржан на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк каде што се одржува „ЈуЕс Опен“.

„Ова е лудо“, изјави младиот гејмер после финалето во кое што освои речиси двојно повеќе поени од неговиот најблизок конкурент (59 наспроти 33).

Во квалификациите учествувале повеќе милиони гејмери, а на крајот бројката се намалила на 100-тина најдобри. Инаку, над 40 милиони играчи се обиделе да се квалификуваат во натпреварувањето кое се водеше онлајн 10 седмици. Беше претставено во 30 земји, по што 70 беа од САД, 14 од Франција и 11 од Велика Британија.

Се проценува дека “Fortnite” ја играат над 250 милиони луѓе. Играта започнува така што 100 луѓе се наоѓаат на пуст остров, мораат да пронајдат оружје и да ги елиминираат останатите играчи, што значи дека сите играат против сите.

Британскиот тинејџер Џејден Ешман освои речиси милион фунти за второто место во дуелот на парови. Еден 13-годишен гејмер од аргентина, Тиаго Лап, наречен „Кинг“, направи голема сензација освојувајќи 900 илјади долари, односно завршувајќи на 5-то место.

Извор: Klix.ba