Шест години стара игра се врати на тронот на најпродаваните (ВИДЕО)

Третата најпродавана видеоигра на сите времиња и најпрофитабилниот дигитален забавен производ на светот, “Grand Theft Auto V” повторно е најпродаваната игра на неделата и тоа во дигитален и физички облик.

Кога една игра ќе оствари приход поголем од 6 милијарди долари за 6 години, тогаш сигурно станува збор за безвременски хит, кој со разни додатоци секогаш им носи нешто ново и свежо на своите играчи. Пред неколку месеци, “GTA V” “експлодираше” на платформата “Twitch”, благодарение на играњето со преземање на улоги во кои учествувале бројни популарни стримери и други познати личности.

Сега, благодарение на намаленото излегување на новите високобуџетни игри поради летната пауза и доаѓањето на новата “GTA” онлајн експанзија – “The Diamond Casino & Resort”, играта стара шест години е повторно најпродавана игра во Европа, Блискиот Исток, Австралија и Африка.

Како што пренесува “Gameindustry.biz”, на листата на 10-те најпродавани игри минатата недела за споменатите регии, се нашле уште некои постари игри. Со тоа, “Tom Clancy’s Rainbow Six Siege” го зазел шестото место, а на седмото е FIFA 19, иако новата игра на серијалот пристигнува за нешто повеќе од 2 месеци. Еве ја целосната листа:

1. Grand Theft Auto V
2. Crash Team Racing: Nitro-Fueled
3. Super Mario Maker 2
4. F1 2019
5. Dragon Quest Builders 2
6. Tom Clancy’s Rainbow Six Siege
7. FIFA 19
8. Mario Kart 8: Deluxe
9. Borderlands: The Pre Sequel
10. EA Sports UFC 3

Извор: Index.hr