Vivo Z5 прикажан на официјални рендери пред објавата

Откако Vivo потврди дека телефонот на компанијата од средниот сегмент Vivo Z5 ќе биде претставен на 31. јули, кинеската компанија сега објави и официјални рендери на уреди.

На рендерите е видливо постоење три камери на задната страна, а исто така е забележливо дека одзадо нема сензори за отпечатоци од прсти. Од предната страна се наоѓа засек во облик на капка, во кој е сместена селфи камерата.

Кога се во прашање спецификациите, Vivo Z5 ќе пристигне со AMOLED дисплеј сo Full HD+ резолуција (2340 x 1080p), ќе работи на Android 9 Pie оперативниот систем, а ќе го покренува осмојадрен процесор со такт од 2.3GHz.

Ќе има варијанти од 6GB/8GB RAM и 64GB, 128GB или 256GB простор за складирање, но без поддршка за microSD картички. Системот камери на задната страна ќе го сочинуваат 48MP + 8MP + 2MP сензори. Сите ќе ги напојува батерија со капацитет од 4420 mAh.