Наградниот фонд на турнирот во играта Dota 2 поголем од 30 милиони долари

Турнирот The International 2019 во играта Dota 2 има награден фонд поголем од 30 милиони долари.

Големиот Dota 2 турнир оваа година се оддржува деветти пат, а минатата година беше одржан во Ванкувер. Наградниот фонд изнесуваше тогаш рекордни 25,5 милиони долари.

Новиот рекорден награден фонд, кој е поголем од 30 милиони долари, направи турнирот The International да остане најголемиот e-sport настан на светот, барем кога се работи за паричните награди.

Минатата година, компанијата Epic одвои 100 милиони долари за Fortnite да стане одржлива конкурентна игра, а таа сума го вклучува и наградниот фонд од 30 милиони евра за претстојниот Fortnite светски куп, кој се одржува во Њујорк од 26 до 28. јули.

Турнирот The International почнува на 20. август во Шангај.