Redmi навестува смартфон со 64MP камера

Samsung својот нов камера сензор од 64 мегапиксели го претстави во мај, а веќе знаеме кој производител на смартфони меѓу првите ќе го имплементира овој сензор. Во прашање е Redmi, подбренд на компанијата Xiaomi, кој на своите Weibo страници веќе објави пример на фотографија креиран со оваа камера.

Фотографијата не истакнува специфично дека се работи за сензор на Samsung, но со оглед на временската рамка, најверојатно е дека тоа ќе се случи. Сензорот на претстојниот Redmi телефон ќе може да произведува 16MP фотографии во услови на слабо осветлување, а во ова ќе помогне Tetracell технологијата.

Веројатно ќе постои и 64 MP toggle опција за користење на сите пиксели, но ова се препорачува само во услови на добро осветлување. Исто така, се очекува подобрен автофокус и можност за снимање на Full HD видео @480 fps.

Quad Bayer ќе го овозможи HDR во реално време, што значи дека новиот Redmi телефон ќе биде опремен со бројни функции на полето на камерите.