Некои годинашни iPhone модели ќе имаат три камери, но не и 3D ToF сензор. Ова ќе се промени следната година, бидејќи Apple наводно ги контактирал производителите на клучните компоненти за ваквите сензори.

Инсајдерите сугерираат дека 3D ToF сензори ќе бидат додадени на задната страна на телефоните, за да се подобри AR функционалноста и продолжувајќи ја работата која ја почна ARKit 2 на iOS 12 софтверот (iOS 13 го донесувва ARKit 3).

Покрај ова, ќе бидат подобрени depth ефектите, како што бока и ефектите на осветлување во камера апликацијата.

Споменатиот сензор ќе може да ги мери дистанците до 4,5 метри, што е подолго од она што го постигнуваат сензорите на Android телефоните. Apple официјално бара VCSEL компоненти, кои овозможуваат пулсирање на светлината која ја користат ToF сензорите.

ToF (Time of Flight) модулите нудат поголема прецизност и подолг распон, а истовремено мжат подобро да ја поднесат и искористат сончевата светлина.