Италиjaнските власти размислуваат за зголемување на максималната дозволена брзина на 150 km/h на одредени делници од автопатиштата во земјата.

Ова е една од главните теми последните недели во рамките на иновациите воведени со новите прописи за автопатиштата во земјата.

Сообраќајните експерти ја разгледуваат можноста за едногодишен експеримент на одредени делници од италијанските патишта. Идејата е да се тестира изводливоста и значајноста, а најверојатно би се вовела на делници со три ленти.

Министерот за транспорт и инфраструктура во италијанската влада, Данило Тонинели, првично се спротивставил на оваа идеја поради сообраќакните несреќи предизвикани поради високите брзини, но сега, како што стојат работите, најверојатно и тој го променил своето мислење.

Сегашната максимална дозволена брзина на италијанските автопатишта е 130 km/h.