Sony го претстави годинашниот предводник во февруари, а Xperia 1 е првиот паметен телефон во светот кој има 4K OLED дисплеј со сооднос на екранот од 21:9. Компанијата веќе работи на наследникот на уредот, чија премиера ќе стане реалност пред крајот на годината.

Информациите поврзани со регистрацијата на моделот во базата на податоци на UA Prof откриваат дека неговото име ќе биде „Xperia 1R“. Многу веројатно е дека презентацијата ќе биде на IFA 2019 саемот во Берлин во септември.

Според податоците, Xperia 1R ќе го наследи Sony Xperia 1 и ќе биде опремен со дисплеј чија големина не е позната, но поддржува резолуција од 5040 × 2160 пиксели. Соодносот на екранот е повторно 21: 9, но ќе биде со 5K резолуција, пишува GizmoChina. Во пракса, ова значи дека паметниот телефон ќе има 70% повеќе пиксели на екранот од Xperia 1. Густината на пиксели достигнува импресивни 889ppi за мобилната индустрија.