Има голем број предизвици во создавањето на минијатурните роботи кои би можеле да функционираат во внатрешноста на човечкото тело, а еден од најголемите е напојувањето, со оглед на тоа што малите димензии не дозволуваат имплементација на батерија.

Експерти од Georgia Tech имаат решение за овој проблем – bristle-bots малите роботи ја добиваат енергијата од вибрациите кои доаѓаат од најразлични извори, од ултразвучни бранови до звучници кои се наоѓаат во близина.

Еден ваков минијатурен робот тежи едвај пет милиграми и може да се движи со брзина од осум милиметри во секунда. Движењето е возможно благодарение на компоненти кои се имплементираат на 3Д принтаното тело на роботот и го движат во зависност од изворот на вибрациите.

Сепак, се напоменува дека роботите не се корисни во обликот во кој моментално се наоѓаат, со оглед на тоа што засега можат да се движат само во една насока.

Но, креаторите се надеваат дека технологијата ќе напредува во правец на кој во иднина роботите ќе можат лесно да функционираат во внатрешноста на човечкото тело и здравствените проблеми да ги решаваат однатре и така целосно да ја променат медицината.

Извор: PC Press.rs