До пред неколку години, тинејџер од Конектикат покрена лавина критики кога на својот фрон монтираше фрлач на оган и полуавтоматски пиштол, а сега дроновите кои фрлаат пламен ќе бидат достапни во продажба.

За само неколку денови, сите заинтересирани купувачо ќе можат да го набават TF-19 Wasp, функционален фрлач на оган за тешки дронови. Овој додаток за дронови го произведе компанијата Throwflame од Охајо.

TF-19 Wasp може да ја погоди цена со речиси осум метри оддалеченост, а има резервоар од еден галон гориво, кој може да произведува оган со должина на траење од 100 секунди.

Бројни критичари веќе изразија загриженост поради постоењето на ваков производ и го поставуваат прашањето зошто на некој би му бил потребен дрон што фрла оган.

Постои еден пример, кога сличен дрон бил користен за чистење далекуводи во Кина. Од компанијата Throwflame предлагаат како може да се користи за спалување трева во недостапните терени, топење на мраз или уништување осила, како и за пиротехнички настани.

“Што може да тргне наопаку?”, пишува Boing Boing при известувањето за TF-19 Wasp.

Меѓутоа, додатокот од 1.499 долари нема да може секој да си го приушти, посебно ако се земе во предвид дека за него е потребно да се обезбеди и скапоцен тежок дрон со контролери на лет.