Месото кое се пече на скара можеби е синоним за лето, но конзументите би требало повторно да размислат за ова мени, ако имаат намера да ја заштитат планетата, смета американската непрофитна организација World Resources Institute.

Кога најголемите конзументи на говедско и јагнешко до 2050. година би го намалиле неделниот внес на овој вид месо на само еден и пол хамбургер, емисијата на штетни гасови би успеала да се намали и шумите би биле поштедени од задушување и претворање во земјоделски земјишта, велат експертите од WRI.

Моментно, Американците и Европјаните јадат двојно поголемо количество месо од споменатата, а Бразилците дури трио пати повеќе, вели Тимоти Сирчингер, главен автор на извештајот и научник од Универзитетот Принстон.

“Ваквото решение ветува и се чини најреално”, изјави, додавајќи дека ќе биде многу потешко да се намали вкупната потрошувачка на месо на глобално ниво.

Според податоци од 2010. година, потрошувачите во САД, Канада, Европа, Јужна Америка и државите од бившиот Советски Сојуз сочинуваат четвртина од светската популавија, но конзумирале повеќе од половината глобално количество на говедско, јагнешко и јарешко месо.

Според податоците на ОН, земјоделието во глобалното затоплување учествува со 11 проценти, а најмногу штетни гасови создаваат ѓубривото и дигестивниот систем на преживари.

На земјоделските земјишта доаѓа до емисија на гасови одговорни за ефектот на стаклена градина, поради сушење на кикирики, при што во воздухот се испушта еден од главните штетни гасови – јаглед диоксид.

Се очекува дека на глобално ниво, потребата за храна до 2050. година ќе порасне за повече од 50 проценти поради порастот на популацијата. Приближувањето до оваа бројка би можело да има застрашувачки последици, кога е во прашање животот на нашата планета, истакнуваат од WRI.

“Тоа веројатно ќе бара задушување на преостанатите шуми, при што ќе исчезнат илјада разни животински и растителни видови”, се наведува во извештајот.

При производството на тони месо од преживарите, се емитуваат четири пати повеќе штетни гасови отколку при производство на свинско месо и осум пати повеќе отколку при производство на живина.