Култниот класик пристигнува на PC во целосно ново руво (ВИДЕО)

Компанијата Epic Games не запира кај игрите од студиото Quantic Dream, туку продолжува да ја збогатува листата со игри кои повеќе не се ексклузиви за Playstation, туку доаѓаат и на PC.

Сега станува збор за легендарната игра креирана во целосно ново руво – Tetris Effect.

Минатата година се појави за PS4 и собра бројни пофалби од играчите, благодарение на интересните иновации и допадливата графика.

Благодарение на Epic Games, PC играчите на нивната платформа ќе можат да се уверат во пофалбите на играчите и тоа веќе од 23. јули.

Tetris Effect на PC ќе пристигне со бројни подобрувања, како освежена графика, 4K поддршка и неколку други иновации.

Секако, да не го изоставиме и податокот дека Tetris Effect ќе биде можно да се игра и во VR.