Астероидот Апофис во 2068 година може да падне на Земјата, а во 2029 година ќе помине на растојание десет пати поблиску од она меѓу нашата планета и Месечината. Ова е веста која доаѓа од истражувачите на одделот за небесната механика на Државниот универзитет во Санкт Петербург, Русија.

„Единствена карактеристика на овој астероид е добро воспоставен близок пристап до Земјата на 13 април 2029 година. Тоа ќе биде растојание од 38.000 километри. Оваа конвергенција ќе предизвика значајно расејување на можните траектории, а меѓу нив има траектории кои содржат конвергенција во 2051 година“, се наведува во извештајот доставен до Московскиот државен институт.

Пред можниот судир со Земјата во 2068 година, астероидот ќе се приближи до нашата планета уште поблизу во 2044, потоа во 2051 и финално во 2060 година, пред да се очекува судирот во 2068 година.

Астероидот Апофис беше откриен во 2004 година од страна на специјалисти во Обсерваторијата „Кит Пик“ во Аризона. Дијаметарот на астероидот е околу 325 метри.