Во последните денови има се повеќе информации за паметниот часовник Samsung Galaxy Watch Active 2, а најновата пристигнува во вид на рендер, кој го потврдува името и дизајнот на уредот. Изгледот е сличен на првиот Watch Active модел, кој на пазарот е достапен само неколку месеци.

Кофузијата дополнително ја засилуваат неодамна протечените детали за плановите на Samsung, кои укажуваат и на Galaxy Watch 2 (без Active во името) и кој е најавен за третото тримесечје од оваа година, додека новиот Watch Active не се ни споменува.

Во секој случај, доколку Watch Active 2 навистина пристигне, ќе биде претставен на 7. август, заедно со Galaxy Note10 и Note10+ телефоните. Можеби часовникот ќе се појави и нешто порано, бидејќи рендерот го сугерира 5. август,

За разлика од претходникот, новиот паметен часовник пристигнува со кожен ремен, околу копчето за вклучување е видлив црвен прстен, а претходните гласини сугерираа дека Watch Active 2 пристигнува во големини од 40 и 44 мм, три бои и Wi-Fi и LTE варијанти.