Apple (привремено) го прекинува развојот на AR очилата

Судејќи според се, Apple одлучил на некое време да го одложи развојот на своите AR и VR уреди. Тимот кој работеше на овој проект е распуштен, а работниците се распоредени на други работи и производни линии.

Сето ова се случува откако еден од креаторите на Microsoft HoloLens, Avi Bar-Zeev во јануари го напуштил AR тимот на Apple за развој на очилата со проширена реалност. Се дотогаш се чинеше дека производителот на iPhone е многу сериозен во настојувањата да влезе на AR пазарот. Како термин за лансирање на AR очилата на компанијата се споменуваше почетокот на следната година, а тоа е поткрепено и со објавување на ARKit за iOS програмери.

Оваа (привремена) терминација на плановите за развој на AR хардвер не значи дека компанијата не размислува за тоа во иднина. Најверојатно Apple смета дека моментно не е добар тајминг за такво нешто. Впрочем, ARKit неодамна доби апдејт, а покрај него комапнијата ги развива и RealityKit и Reality Composer алатките наменети за програмерите за креирање на AR искуства за крајните и бизнис корисници.