Доколку сакате да ја напуштите програмата за комуникација на Facebook, тоа можете да го направите во неколку многу едноставни чекори.

Ако поради било која причина сакате да го деактивирате Messenger, за тоа постои многу едноставен метод, но водете сметка дека за тоа ќе треба да го деактивирате Facebook. Нагласуваме дека деактивацијата на Facebook, не е исто што и гаснење/бришење на Facebook, што значи дека сите ваши податоци се сочувани додека повторно не се пријавите. Гаснењето на Facebook значи бришење на податоците.

Откако сте го деактивирале Facebook, време е за деактивација на Messenger. За да го направите тоа, стартувајте ја апликацијата Messenger, притиснете на вашата профилна фотографија во горниот лев агол, скролајте надолу и изберете Legal and Policies и на следниот екран изберете деактивација на Messenger, односно Deactivate Messenger.

Откако тоа ќе го направите, повеќе нема да бидете видливи во апликацијата и никој повеќе нема да може да ве контактира, ниту да ве пребарува. Ако потклекнете пред искушението и одлучите да се вратите на Messenger, се што треба да направите е да се најавите на него со стандардно корисничко име и лозинка, кои сте ги користеле за Facebook.