Судејќи според се, дизајнот на Sony Xperia 20 моделот ќе биде речиси неизменет во однос на неговиот претходник. Разликата во однос на Xperia 10 е во тоа што копчето Power и читачот на отпечатоци од прсти ќе бидат обединети во едно копче (нa Xperia 2 моделот ќе бидат раздвоени).

Рендерите покажуваат дека горната рамка ќе биде прилично голема и ќе отскокнува од дизајнот со целосен екран, каков што имаат актуелните смартфони од средниот сегмент. Според најновите информации, Xperia 20 ќе го задржи 6-инчниот 21:9 екран со 1080p+ резолуција.

На задната страна се очекува испакнување со две камери, а кое се верува дека содржи два 12MP сензора. Втората камера ќе има ултраширок или телефото објектив, што ќе биде поголема надградба во однос на depth сензорот на Xperia 10 моделот. Присутен е и 3,5 милиметарски приклучок.

Кога е во прашање процесорот, од чипсет од серијата 600 ќе биде унапреден на Snapdragon 710, а се очекува и комбинација 4GB/6GB за RAM и 64GB/128GB за простор за складирање.