Првиот 5G смартфон на Huawei ќе пристигне кон крајот на јули

Првиот 5G смартфон на компанијата Huawei под името Mate 20 X 5G на одредени пазари ќе се појави пред крајот на јули. 

Телефонот доаѓа на пазарот во време кога е неизвесна иднината на Huawei како производител на уреди со Android. Продажбата во Кина ќе почне на 26. јули, а смартфонот може моментно да се нарача od 22. јули преку италијанската верзија на веб страницата на Amazon. Во Обединетите арапски емирати е достапен од денеска (12. јули).

Huawei Mate 20 X 5G со надворешниот изглед на многу сличен на постоечкиот Mate 20 X, има ист 7,2-инчен екран и три задни камери, но внатрешните компоненти се подобрени за да ги исполнат барањата на модемот 5G Balong 5000. Капацитетот на батеријата е зголемен од 4.200 на 5.000 mAh, RAM меморијата од 6 на 8 GB, како и интерната меморија од 128 на 256 GB.

Доаѓањето на првиот 5G смартфон на Huawei на останатите пазари е неизвесна, поради тоа што компанијата се наоѓа на американската црна листа, а поради која Google ја суспендираше својата лиценца за Android. Меѓутоа, постојат назнаки дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп би можела да ги ублажи санкциите против Huawei, но и натаму се поставува прашањето како се ќе влијае на идните модели на смартфони.

Засега Huawei останува на црната листа, но американските компании можат да соработуваат со кинеската фирма со дозвола и во случаите кога “нема закани за американската национална безбедност”.