Amazon ја развива масовната мултиплеер игра Lord of the Rings

Amazon Game студио најави дека ја развива масивната мултиплеер онлајн игра Lord of the Rings, инспирирана од познатата книжевна и филмска трилогија.

Играта ќе биде достапна за PC и за сите конзоли. Судејќи според гласините, дејствието на играта ќе биде сместено пред сите настани во Lord of the Rings. Играчите ќе имаат прилика да ги истражуваат земјите, луѓето и суштествата, кои досега не беа видени во филмот.

Овие новитети пристигнуваат по најавата на ТВ серијата Lord of the Rings, која исто така ги донесува случувањата пред оние во книгите на J.R.R. Tolken. Меѓутоа, од Amazon велат дека играта и серијата се развиваат одвоено.

Не е познато кога Amazon би можел да ја лансира новата игра, но повеќе детали секако се очекуваат наскоро.