Пет нанометарските чипови на Samsung стигнуваат на пазарот во 2020

Samsung Foundry ги сертифицираше алатките на своите партнери на време за почетокот на развојот на 5LPE (5nm low-power early) производниот процес. Новата технологија и натаму се потпира на EUV литографијата на компанијата, а сертификувањето на дизајнерските алатки е од значење за производителите на чипови за да можат да креираат доверливи и ефикасни дизајни на чипови.

Алатките користат ARM Cortex-A53 и Cortex-A57 јадра, засновани на 5LPE технологијата, со тоа што Cortex-A57 јадрата и натаму користат FinFET транзистори. Се очекува дека новиот дизајн ќе овозможи 25 проценти подобра логичка ефикасност во споредба со претходниот, а она што е најбитно – ќе овозможи 20 проценти помала потрошувачка на енергија со подобрени перформанси за 10 проценти.

Се истакнува дека новиот 5LPE процес користи повеќе EUV слоеви отколку 7LPP процес. Се предвидува дека производната линија ќе чини околу 4,615 милијарди долари и ќе биде завршена до крајот на оваа година. Производството ќе почне во 2020. година, а полниот капацитет се очекува на време за премиум телефоните од следната година.