Индонезија ќе изгради мост долг седум километри

Индонезија планира да изгради мост долг седум километри кој ќе ги поврзе двата острова во Малезискиот Теснец во близина на Сингапур, како дел од напорите за развој на индустријата и туризмот во оваа област, објави денеска индонезиската влада.

Мостот што ги поврзува островите Батам и Бинтан ќе чини околу 284,35 милиони долари, објави кабинетот на државниот секретар, пренесува „Ројтерс“.

Тоа ќе биде најдолгиот мост во оваа јужноазиска земја.

Изградбата на мостот ќе почне во 2020 година, а мостот треба да биде завршен за три до четири години, се вели во соопштението.