Google тестира play/pause копче за видео содржини во Chrome

Тешко дека постои некој кој ужива во видео содржини кои самостојно се покренуваат, а посебно во чувствителни ситуации кога свртувањето на вниманието не е пожелно. Токму поради тоа, Google наскоро би можел да додаде соодветно копче во пребарувачот на Google, кое би овозможувало видео содржините да се пуштаат и запираат од било кој отворен таб.

Се работи за новата опција Global Media Controls, која кога еднаш ќе се активира, ја прикажува play иконата во рамките на URL, покрај bookmark иконата во облик на ѕвезда, а во случај некоја видео содржина веќе да била стартувана на било која локација во рамките на пребарувачот. Кога ќе се кликне на иконата се појавува поголема контролна табла, на која е можно да се пуштаат, паузираат и прескокнуваат видео содржините. Опцијата би требало да се покаже како корисна во контролирањето на содржините кои самостојно се покренуваат, што е добродојдена промена, бидејќи Google неодамна ја укина опцијата за исклучување на звукот, преку која можеше да се исклучи звукот на избраната веб-страница.

Опцијата се уште е во почетна фаза на тестирање, а може да се тестира преку Canary пребарувачот, откако ќе се активира chrome://flags/#global-media-controls.