Постои бесплатна апликација која, откако ќе ја инсталирате, ви покажува кој ве избришал и блокирал на Facebook. Еве како работи.

Името на апликацијата е „Who unfriended me?“ и таа е достапна и за Android и за iPhone.

Откако ќе ја инсталирате, треба да се најавите со помош на вашиот профил на Facebook и од тој момент кога некој ќе ве избрише или блокира, апликацијата ќе ви јави.
Оценката што апликацијата ја има на Google Play е 3,7, а ја презеле повеќе од милион лица. Иако во рецензиите некои корисници се жалат на функционирањето на апликацијата (најмногу на рекламите), таа сепак добро работи. Откако некој ќе ве избрише од Facebook, таа ќе го покаже тоа, исто како и кога некој ќе ве блокира или кога одново ќе станете пријатели со некого.
Извор: Srednja.hr