Pokemon Masters ова лето ќе пристигне на iOS и Android (ВИДЕО)

Многу програмери се обидоа да го повторат масовниот успех на Pokemon GO, но ниту една мобилна игра со AR (проширена реалност) не успеа да се доближи до Niantic во однос на приходите. Најновиот ривал, Harry Potter: Wizards Unite, достигна само 4 проценти од профитот на Pokemon GO направени во првиот ден.

Изгледа дека ќе видиме нова Pokemon игра за Android и iOS уредите. Програмерите на DeNa објавија дека Pokemon Masters ќе пристигне на мобилните платформи во текот на ова лето.

Ова ќе биде првата Pokemon игра на DeNa – компанија која му помогна на Nintendo да објави игри како Super Mario Run и Fire Emblem: Heroes. DeNa, исто така, помага во развојот на претстојната Mario Kart Tour мобилна игра.

Pokemon Masters се развива на вештачкиот остров Пасио, каде што тренерите добиваат контрола над еден покемон. Играчите ќе бидат здружени со други тренери за да ги победат своите противници во битка три против три. Битката е заснована на способностите на играчот и се спроведува во реално време, наместо да ги чека дејствувањата на противникот. Играта веројатно ќе биде бесплатна, но за да добијат повеќе опции, корисниците ќе мора да купуваат во рамки