LG во Spotify ги промовира новите монитори од висока класа

LG избра атрактивен начин да го привлече вниманието кон својата нова генерација премиум монитори. Корејскиот производител стартуваше популарна кампања наречена „Born To Be Wide“ во популарната услуга Spotify. Идејата на LG е со специјална плејлиста која ќе го предизвикува интересот на професионалци, обични корисници и гејмери. Предностите на UltraWide мониторите на компанијата се дизајнирани да ги задоволат дури и најспецифичните потреби.

Изборот на Spotify не е случајен, бидејќи LG сака да го истакне фактот дека неговите уреди се толку широки, колку што е колекцијата на музика во стриминг услугата. На крајот, речиси секој корисник што работи на компјутер или се забавува со своите омилени игри, веројатно ќе ја слуша омилената музика додека го прави тоа. Овие плејлисти се категоризирани во две одделни компилации за гејмери, како и за офис корисници.