Популарниот претплатнички сервис EA Access стигнува на PlayStation 4 (ВИДЕО)

Популарниот претплатнички сервис Electronic Arts (EA) Access ќе биде претставен на PlayStation 4 за помалку од еден месец, објавија од американската компанија за видеоигри.

Услугата која е достапна на конзолата Xbox One веќе пет години им дава на играчите пристап до големата библиотека на EA игри, во која сега ќе можат да уживаат и љубителите на PS.

EA Access за PS4 ќе биде активен од 24. јули. Претплатата ќе изнесува 4,99 долари месечно и вклучува игри како што се старите EA хитови Mass Effect, Dragon Age, Dead Space, Battlefield, а тука се и поновите и релативно неодамна излезените игри, како што се минатогодишниот Star Wars: Battlefront II, Burnout Paradise Remastered, Fe, The Sims 4, Battlefield 1…

Претплатниците, исто така, ќе добијат пристап до trial верзиите на игрите пред официјалното лансирање и десет проџенти попуст за дигитално купување од EA.

EA во мај објави дека услугата EA Access конечно ќе пристигне на PS4 некаде во јули и компанијата го исполни ветувањето. Претплатниците кои поседуваат EA претплата за Xbox One и натаму ќе мораат да плаќаат одвоено за PS4 пристап.